HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБритни најави нов албум!

Бритни најави нов албум!

Американската пејачка Бритни Спирс откри детали околу својот најнов студиски албум, под името „Glory“, кој ќе биде објавен ан 26 август по пат на сервисот „Apple music“. Се уште не е познато дали ќе се продаваат печатени копии од овој албум или ќе влезе само во дигиталните води.

Britni-Spirs-album

Она што е исто така познато во врска со овој албум е и дека беше претставена најавната нумера, песната „Make me“ во соработка со калифорнискиот рапер Џи-Изи. Доколку нејзините обожаватели го порачат албумот „Glory“, како поклон ќе ја добијат песната „Private show“ која Бритни ја претстави во јули во реклама за својот нов парфем.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com