HomeДЕНЕШНАСветБританскиот претставник на ЕК поднесе оставка

Британскиот претставник на ЕК поднесе оставка

Џонатан Хил, претставникот на Велика Британија во Европската комисија, денеска си поднесе оставка по резултатите од референдумот во неговата земја за напуштање на Европската унија. Хил, кој беше одговорен за финансиската стабилност, услуги и капиталните пазари, истакна дека е неопходно да има надлежно предавање на одговорностите и гарантира дека тоа ќе се случи во следните седмици.


Сметам дека не во ред да продолжам да бидам британски еврокомесар. Затоа го информирав претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер дека се повлекувам, истакна Хил, кој агитираше против Брегзит.


 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com