HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБританската поп ѕвезда Џеси Џеј со нова песна

Британската поп ѕвезда Џеси Џеј со нова песна

Британската поп ѕвезда направи песна за филмот „Ice Age: Collision Course“. Новата нумера наречена „My Superstar“ е само уште еден доказ дека Џеси Џеј има исклучително моќен глас.

„You are my rainbow, you color my days so bright… I want to stay forever with my superstar“, пее Џеси во оваа исклучително позитивна песна.

„My Superstar“ е првиот сингл кој Џеси го објави после баладата „Flashnight“ која беше искористена за филмот „Pitch Perfect 2“. Синглот беше објавен минатата година, а се искачи на 61 позиција на листата на Билборд од топ 100. Пејачката моментално работи на својот нов албум после паузата која ја зема по завршувањето на учеството во шоу-програмата „The Voice“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com