HomeДЕНЕШНАСветБриселскиот аеродром отворен – американска компанија сепак ги запира летовите

Бриселскиот аеродром отворен – американска компанија сепак ги запира летовите

Првите закажани летови се за попладне, авионите ќе летаат за Фаро, Торино и Атина. По 12 дена од крвавите напади во Брисел, при што загинаа 35 лица, денеска аеродромот повторно ги отвора вратите. „Тоа отварање, дури и само делумно, е знак на надеж”- изјавија од аеродромот.

Летови има попладне и патниците ќе се упатат кон Фаро, Торино и Атина. Пристапот до авионите сепак ќе се одвива по исклучително строги проверки. Од аеродромот најавија дека сите патници ќе користат привремен објект за регистрација. Причината е што главната сала за заминување е уништена по експлозиите на 22 март.

Американската авиокомпанија „Делта ерлајнс” соопшти дека ги запира летовите меѓу Атланта и Брисел до март 2017 година. Компанијата посочи дека причината за тоа е континуираната несигурност околу продолжувањето на работата на аеродромот во беглиската престолнина и намалената побарувачка, пренесува БТА. „Делта ерлајнс”, соопшти дека има намера да се врати авиоврската меѓу њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди” и Брисел, штом се добие зелено светло тоа и да го направи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com