HomeРЕФЛЕКТОРФилмБредли Купер ќе се „бори“ со ИСИС

Бредли Купер ќе се „бори“ со ИСИС

Холивудската ѕвезда Бредли Купер најави нов проект за ТВ серија во која ќе биде прикажано настанувањето на најголемата терористичка и џихадистичка организација ИСИС.

Серијата ќе се снима врз основа на книгата „Црни знамиња, подемот на ИД“ на Џоби Ворик, кој за ова свое дело во 2016 година ја доби Пулицеровата награда. Книгата говори за група американски и меѓународни агенти, кои имаат задача да ја уништат ИД.

Засега во проектот е ангажиран режисерот Тод Филипс кој е познат по комедиите „Мамурлак“, а зад продукцијата ќе застане кабелската мрежа HBO со што може да се очекува голем буџет. Серијата „Црни знамиња“ ќе има прва сезона со најмалку 8 епизоди, а премиерата би се одржала есента следната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com