HomeДЕНЕШНАЕкономијаБрегзит ќе ја урне фунтата

Брегзит ќе ја урне фунтата

Банката на Англија предупреди дека референдумот за членство на Британија во Европската унија, идната недела, претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари.

„Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари“, се вели во записник од јунски состанок на Банката на Англија. Тогаш е одлучено банката да ја задржи каматната стапка од 0,5 отсто.

„Доколку се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се намали“, се додава во записникот.

Британската централна банка наведува дека брегзит може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски раст.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com