HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Братското“ дерби го украде Швајцарија, Велс го обои Бордо во црвено, Русија со гол за спас во судиското продолжение против Англија

„Братското“ дерби го украде Швајцарија, Велс го обои Бордо во црвено, Русија со гол за спас во судиското продолжение против Англија

Вчерашната агенда од вториот ден на овогодинешното Европско првенство ја сочинуваа три подеднакво возбудливи натпревари, дури два дебитантни тима кои за прв пат „рипнаа во тавче“ во еден турнир од вакви размери но, за жал, само еден успеа да се избори за трите бодови.

Дуелот меѓу Албанија и Швајцарија го комплетираше првото коло од групата А. Се чини дека дебитантот сè уште ги восприемаше импресиите од атмосферата и теренот во Ленс, а веќе во 5-тата минута не успеаја да го спречат голот на Шар кој со глава успешно центрираше во противничката мрежа. Иако Албанците во 36-тата минута останаа со играч помалку откако капитенот Лорик Цана доби црвен картон, фудбалерите покажаа достојна игра со неколку одлични шанси, каде на крајот, сè се сведе на голманите Бериша и Зомер без кои овој натпревар не би бил возбудлив.

fudbal svajcarija

Прво, па машко, па – победа! За разлика од нашиот западен сосед, репрезентативците на Велс го обоија Бордо во црвено и крунисаа фантастично одиграни 90 минути против Словачка со победа од 2-1.  Ѕвездата во тимот, голгетерот Герет Бејл постигна фантастичен погодок од слободен удар во 10-тата минута кој долго ќе го паметат противничките фудбалери. И тука започна далеку поагресивната игра на избраниците на Козак кои атакуваа во шестнаесетникот на Дани Вард, па така посакуваниот резултат од овој пресинг го оствари нововлезениот Дуда на теренот на кој му требаа 60-тина секунди за да го израмни резултатот и да ги „разгори“ страстите. Но, тоа не значеше дека, на крајот ќе успеат да стигнат до позитивен резултат, затоа што Велшаните во 81-та  минута со голот на Робсон-Кану стигнаа до триумфот.

gareth bale vesnik

Дури цели 24 часа пред стартот на дуелот Англија-Русија она што беше во фокусот на вниманието беа немирите помеѓу двете навивачки групи на репрезентациите. Пустош оп улиците на Марсеј, тензии кои продолжија и на самиот стадион Велодром каде реагираше обезбедувањето. Во поглед на исходот од мечот, „Гордиот албион“ го продолжи проклетството на Европските првенства. Во првите 9 натпревари со кои Англичаните стартувале на ова натпреварување имаат забележано 5 порази и 4 ремија, меѓу кои и вчерашното против Русите. Првиот погодок „падна“ дури во 73-тата минута кој беше дело на Диер и по него следуваше вистинска драма во која избраниците на Слутски покажаа дека ништо не е готово додека не се слушне свирежот на судијата. Во 92-та минута од прилично тешка позиција, Васили Березутски упати удар со глава кој, за изненадување, ја совлада мрежата на Џо Харт за конечни 1-1.

fudbal rusija anglija

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com