HomeРЕФЛЕКТОРФилмБратот на Пабло Ескобар сака милијарда долари од серијата Наркос

Братот на Пабло Ескобар сака милијарда долари од серијата Наркос

Роберто Ескобар кој е еден од последните преостанати живи членови на семејството Ескобар побара од Нетфликс увид во сценариото за втората сезона на хит серијата Наркос.

Роберто работел како сметководител за картелот „Меделин“ на нарко кралот Пабло и смета дека може да допринесе за вистински приказ на настаните од најнасилната ера во историјата на Колумбија.

narcos

Втората сезона ќе се занимава со падот на Пабло Ескобар, па можеби продуцентите од Нетфликс ќе го прифатат официјалното барање на Роберто. Тој исто така смета дека семејството треба да добие дел од профитот кој го прави серијата, па од Нетфликс побара дури 1 милијарда долари, а претходно го има заштитено користењето на брендот „Пабло Ескобар“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com