HomeДЕНЕШНАЕкономијаБразил губи милијарда долари поради Coca-Cola, McDonald’s, Visa… Не плаќаат данок на Олимписките игри

Бразил губи милијарда долари поради Coca-Cola, McDonald’s, Visa… Не плаќаат данок на Олимписките игри

Бразил ќе загуби околу милијарда американски долари приходи, благодарение на законодавството кое Олимписките игри ги претвора во даночен рај. Coca-Cola, McDonald’s, Visa и другите корпоративни спонзори на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, заради законот за даночно изземање, не плаќаат данок на парите што ќе ги заработат на Олимпијадата.

Според даночното олеснување што важи до 31 декември следната година, од данок е ослободена добивката од огласување, продажба на производи, увоз и некои други активности што се однесуваат на организација на игрите. Меѓу главните спонзори на Олимписките игри во Рио оваа година се корпорациите како Coca-Cola, McDonald’s, Visa, Bridgestone, Samsung, Panasonic, Omega, Procter&Gamble, General Electric, Nissan, Globo, Nike, Microsoft и Airbnb.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com