HomeФЕР ПЛЕЈБразил го освои златото, Нејмар порача: Барајте си нов капитен, јас повеќе не сум!

Бразил го освои златото, Нејмар порача: Барајте си нов капитен, јас повеќе не сум!

Капитенот на Бразил Нејмар, која ја водеше оваа селекција до освојувањето на златото во Рио, после финалето во кое ја добија Германија, порача дека повеќе не сака да биде капитен. Бразил за прв пат во својата историја стана олимписки шампион, а најзаслужен за освојување на златото во победата над „Панцерите“ беше фудбалерот на Барселона.

Тој прво во регуларниот дел од средбата со одличен погодок од слободен удар ја најави победата, за после нерешениот резултат, во пенал серијата, со прецизен шут да донесе историски пехар за Бразил. Сепак, бразилскиот напаѓач во телевизиското интервју после натпреварот го извести селекторот на Бразил дека повеќе нема да ја носи капитенската лента.

„Ми беше голема чест што имав прилика да бидам капитен на овој тим, но од денес јас повеќе не сум тоа. Му испратив порака на селекторот дека слободно може да бара нов капитен“, изјави 24-годишниот Нејмар кој не сакаше да ја образложи својата одлука, но се шпекулира дека се одлучил на овој чекор поради силните критики кои беа упатувани кон него од страна на тамошните медиуми.

„Ова е најубавото нешто што ми се има случено во животот. Тоа е тоа. Сега критичарите ќе мораат да ги повлечат своите зборови“, изјави бразилскиот напаѓач после финалето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com