HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБразилски голман обвинет дека е терорист неколку минути по експлозијата на аеродромот во Истанбул

Бразилски голман обвинет дека е терорист неколку минути по експлозијата на аеродромот во Истанбул

Бразилскиот голман Андреј Назарио, се најде во голема неволја во Истанбул, за време на терористичките настани. Тој бил третиран како терорист од тамошната полиција, откако се случил нападот на аеродромот Ататурк, каде 40 луѓе загинаа, а повеќе од 70 беа повредени од експлозијата. На овој голман му бил вперен пиштол во глава, но за среќа по него, тој успеал да докаже дека нема никаква врска со тероризмот за кој планирале да го обвинат – пишува СпортКлуб.мк.
andrej nazario
„Ги видов луѓето како бегаат насекаде. Не сфатив на почетокот за што станува збор, но потоа видов чад и крв кои што беа насекаде. Полицијата стигна до мене, и впери пиштол во мојата глава. Не знаев што се случува, помислија дека јас сум терорист. Морав да го отворам мојот куфер, затоа што се сомневаа дека има бомба. Кога сфатија дека сум од Бразил, ме пуштија да заминам“, откри за непријатното искуство Назарио.

Тој присуствувал во Истанбул, за да си најде нов клуб каде ќе настапува, но му се случило ова уште при пристигнувањето во Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com