HomeДЕНЕШНАПолитикаБоцевски официјално се смести во Бразилија

Боцевски официјално се смести во Бразилија

Амбасадорот на Република Македонија во Федеративната Република Бразил Ивица Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма на Сержио Франса Данезе, генералниот секретар на бразилското Министерство за надворешни работи.

– Во разговорот по церемонијата на предавањето на копиите од акредитивите генералниот секретар Данесе истакна дека Бразил високо го цени отварањето на македонската амбасада во Бразилија, кое што воедно е и прво македонско дипломатско претставништо во Јужна Америка. Амбасадорот Боцевски искажа дека претставува висока чест и задоволство да ја претставува Македонија во Бразил, како и дека ќе настојува да ги продлабочи пријателските односи помеѓу двете земји во сите сфери, а посебно ги истакна потенцијалите за проширување на взаемната економска соработка, информираше македонското Министерство за надворешни работи.
bocevski 1
Церемонијата на предавањето на копиите на акредитивните писма на вториот човек на бразилското МНР се организираше во палатата Итамарати во главниот град Бразилија. Боцевски и Данезе се согласиле дека не постојат никакви пречки за унапредување на взаемните односи и дека постои широко поле за развивање и унапредување на соработката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com