HomeДЕНЕШНАРегионБосна може да стане единствена европска држава без јавен сервис

Босна може да стане единствена европска држава без јавен сервис

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), најголемата мрежа на јавни медиумски сервиси во светот предупреди дека Босна и Херцеговина, единствена во Европа, би можела да остане без јавен сервис.

„Ја повикуваме Европската комисија и меѓународните институции да пронајдат веродостојно и долгорочно решение за финансирањето на Јавниот сервис во оваа земја и поддршка за овој вид на демократија, се наведува во соопштението на ЕБУ“, пренесува Фена.

ЕБУ е длабоко загрижена поради тоа што Босанскохерцеговската радио-телевизија (БХРТ), нејзина членка, планира да го стопира емитувањето на програмата кон крајот на месецот поради нерешени проблеми на финансирањето. Тоа би било првпат некој јавен сервис во Европа да биде принуден на таков чекор поради финсиски потешкоти.

Финасиската ситуација во БХРТ од година во година се влошува поради недоволниот прилив на пари, што предизвика прогресивен пад на наплатата на радио-телевизиската такса, слабиот систем на наплата и значителното заостанување на плаќањата од ентитетските партнерски емитери – Радио-Телевизија Федерација БиХ и Радио-телевизија Република Српска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com