HomeДЕНЕШНАРегионБосна и Србија се закануваат со војна, Русија зазема страна

Босна и Србија се закануваат со војна, Русија зазема страна

Пензионираниот генерал и поранешен началник на армијата на Босна и Херцеговина, Сефер Халиловиќ изјави дека ако биде спроведен референдум во Република Српска истата ќе исчезне и тоа ќе значи крај на Дејтонскиот договор и стапување во сила на Уставот на БиХ. „Никого не заплашуваме, но и никому нема да дозволиме да однесе дел од БиХ без последици, посочи Халиловиќ.
safer-halilovic
Халиловиќ истакна дека РС при евентуален судит би можела да се одржи најмногу 10 до 15 денови. Тој додаде и дека и на едната и на другата страна има доволно луѓе подготвени да војуваат. „И затоа апелирам добро да се размисли. Бидејќи Милошевиќ почина, ЈНА не постои, не постојат илјадници тенкови, илјадници транспортери… Не може Србија да и помогне на РС. Нема да дозволиме некој да ни отцепи половина држава“, посочи Халиловиќ.

Ова не помина без реакција од српската страна. Изјавата на Сефер Халиловиќ за уништувањето на Република Српска претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот, изјави српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

„Халиловиќ не е само поранешен воен муслимански командант, тој неофицијално е портпарол на Бакир Изетбеговиќ. Халиловиќ го зборува она што Изетбеговиќ го мисли. Затоа неговите закани треба да се сфатат сериозно, бидејќи покажуваат дека постојат воени планови, кои се базираат врз проценката дека РС не може да издржи повеќе од 10 до 15 дена и дека Србија не може да ја одбрани“, се наведува во пишаната изјава на Дачиќ.
ivica-dacic
„На сите им е јасно дека референдумот е само изговор, а дека зад сета работа стои намерата со војна да се уништи РС. Да сака компромис, Уставниот суд можел да промени барем една запирка во својата одлука. Но нив не им е важен компромис, туку изговор за воените намери и планови, за што муслиманите во БиХ очигледно се подготвуваат. Србија несомнено сака мир и ќе стори сѐ да ја сочува стабилноста, но сигурно нема да дозволи воен напад и уништување на РС. За тоа никој не би требало дури ни да сонува. Србија е доволно силна да се одбрани себеси, а нема да дозволи ниту уништување на РС ако биде нападната. Очекуваме итна реакција на меѓународната заедница и меѓународните претставници во БиХ, ако навистина се грижат за мирот“, изјави Дачиќ.

Додека Балканците се закануваат, Русија се изјасни во Република Српска – ќе го поддржи референдумот. Да потсетиме, официјално Србија не го поддржува референдумот, но нема да го негира ако се случи. Дали Русија го кажува тоа што Србија го мисли?

Рускиот амбасадор во БиХ, Петер Иванцов, во понеделникот одржа серија средби со лидерите на Република Српска, како јасен знак на поддршка за контроверзниот референдум на босанските Срби, врзано за одбележувањето на Денот на РС – пренесува Balkaninsight. Иванцов го поддржа референдумот, иако Уставниот суд на БиХ во саботата донесе одлука за запирање на референдумот, а ЕУ и САД во неколку наврати ја осудија одлуката за негово одржување.

Неговата изјава многумина ја толкуваат како укор на раководството на Србија, кое не даде поддршка на референдумот. По состанокот со Иванцов, Додик ги повика сите граѓани на Република Српска да излезат на 25 септември и да гласаат на референдумот. „Нема откажување од референдумот“, рече Додик. Тој изрази благодарност за „недвосмислената“ поддршка на Русија.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во четврток ќе се сретне со Додик, со кого ќе разговара за економски и политички прашања, вклучувајќи го и контроверзниот референдум.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com