HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБорусија Дортмунд не знае за доста, пристигнува уште еден одличен Германец!

Борусија Дортмунд не знае за доста, пристигнува уште еден одличен Германец!

Откако вчера Борусија Дортмунд ја заврши работата околу доведувањето на Андреа Шурле, денес би можеле да потврдат уште еден голем трансфер. Борусија Дортмунд ова лето продаде неколку главни играчи од претходните неколку сезони како Михтарјан, Гундоган и Хумелс.

Сепак, одработен е одличен трансфер период што се однесува до доведувањето на нови фудбалери, а еден од нив наскоро би можел да биде и поранешниот напаѓач на Баерн Марио Гомез. Гомез истакна дека повеќе нема да игра во Турција, што е и дефинитвно после случувањата последните неколку дена во таа земја.

Тој е член на Фиорентина, во Бешикташ играше како позајмен фудбалер, а како што пренесуваат турските медиуми тој веќе се договорил и наскоро ќе биде нов член на Борусија Дортмунд. Овој 31-годишен напаѓач беше желба и на Вест Хем и Волфзбург, но се чини дека Борусија ја добила трката за неговиот потпис.

1153105839-mario-gomez-1MeHn7qNaPa7

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com