HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБорусија доведе уште еден тинејџер

Борусија доведе уште еден тинејџер

Борусија Дортмунд продолжува да вложува во иднината, таа го донесе и петото засилување за следната сезона, третиот тинејџер. Нов член на „милионерите“ стана младиот турски репрезентативец Емре Мор. Овој 18-годишен крилен напаѓач пристигна во Борусија од данскиот клуб Нордсејланд, а стави потпис на петгодишен договор.

Мор е роден во Данска, играше за младата селекција на скандинавскиот тим, но сепак се определи за сениорската репрезентација на Турција. Дебитираше минатиот месец и доби повик на Европското првенство во Франција кое започнува на 10 јуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com