HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБомба, Диего Коста прави трансфер во Италија?!

Бомба, Диего Коста прави трансфер во Италија?!

Бразилецот е на излезните врати од Челси, но неговата нова дестинација би можела да биде сосема неочекувана. Диего Коста, во случај Лукаку да се врати во Челси ќе мора да се збогува од лондонскиот клуб. Многумина веруваат дека ќе се врати во Атлетико Мадрид, но со доаѓањето на Гамеиро работите се искомплицираа. Французинот има ветување дека ќе игра, а тука се уште и Гризман и Торес, па Коста не му е неопходен на Симеоне.

Се јави Наполи, нивна прва опција е Икарди, но малку е веројатно дека Интер ќе се откаже од својот капитен. Наполитанците веќе го купија Милик, а за Коста се подготвени да издвојат околу 40 милиони евра, сума што се верува дека би била прифатлива за Челси.

Диего Коста би требало и да заработува повеќе, односно околу 5 милиони по сезона, нешто повеќе отколку што заработуваше во Лондон, а сигурно дека поради својот темперамент веднаш ќе ги добие симпатиите кај Наполитанците!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com