HomeДЕНЕШНАСветБомбашот самоубиец во Турција бил дете на возраст од 12-14 години

Бомбашот самоубиец во Турција бил дете на возраст од 12-14 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот на свадба во турскиот град Газиантепе вчера бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години. Во нападот загинаа 51 лице, а десетици се повредени.

Ердоган ги повтори негови претходни изјави дека информациите упатуваат дека во најсмртоносниот напад во Турција годинава биле инволвирани екстремистите од Исламска држава. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот. Ердоган рече дека 69 лица биле повредени од кои 17 посериозно. Тој додаде дека целта на ваквите напади била да ги поттикне поделбите по етнички и религиозни линии во Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com