HomeДЕНЕШНАСветБомбашот од Њујорк оставил манифест на интернет

Бомбашот од Њујорк оставил манифест на интернет

Американското Федералното биро за истраги ја проверува автентичноста на пораката којашто во неделата вечерта се појави на интернет со која неидентификувано лице ја презема одговорноста за поставената бомба на Менхетен која повреди 29 лица.

Анонимната порака, за којашто станува збор, е насловена како „манифест“. Во неа непознатиот тврди дека токму тој ја организирал експлозијата во центарот на Њујорк, во кварт познат по посетените ресторани, барови и продавници, во период кога е многу посетен.

„Веројатно сите ги гледавте вестите за експлозиите во Њујорк. Тоа бев јас. Тоа беа само неколку тестирања. Знам каде ги направив грешките, и следниот пат нема да ги сторам“, порачува непознатиот автор на „манифестот“.

Наведува, исто така, дека ја подметнал експлозијата бидејќи „не ги поднесува“ луѓето и поради начинот на кој јавноста се однесува кон припадниците на нетрадиционалните сексуални ориентации, на една од кои ѝ припаѓа, според неговото тврдење, и самиот тој.

Извор: makfax.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com