HomeДЕНЕШНАСветБолница дозволи посета на кучиња за побргу да закрепнат нивните газди

Болница дозволи посета на кучиња за побргу да закрепнат нивните газди

 

Болницата „Јуравински“ во Онтарио, Канада дозволува домашните миленици да доаѓаат во посета на своите тешко болни газди. Оваа болница усвоила посебна програма под називот „Лаењето на Захари за оздравување“ којашто ја основала Дона Џенкинс, откако нејзиниот 25-годишен внук со помош на својот домашен миленик водел тешка борба со Хочкинов лимфом.

Џенкинс ја раскажала ситуацијата за нејзиниот внук и миленикот:

„Додека Захари со недели лежеше во болнички кревет откако беше подложен на третман на трансплантација на матични клетки, ги молеше надлежните да му дозволат да го види своето куче Чејси. Го прокриумчаривме Чејси во болницата и тоа имаше неверојатно влијание на расположението на Захари. Кога Захари сфати дека нема да успее да ја победи болеста, ме натера да му ветам дека во иднина ќе успеам во тоа да биде дозволено пациентите да имаат посети од нивните домашни миленици. Нашата прва официјална дозволена посета на домашен миленик кај пациент се случи на 15 септември претходната година поточно 2015“.

Со случката на внук и Џенкинс заклучила дека кога тој го гледал кучето влијаело на подобрувањето на неговита витални функции, депресија и на чувството на осаменост.

Инаку, посетите се дозволени еднаш неделно и обично траат еден час. Пред да им дозволат на домашните миленици да влезат во болничката соба, тие се подложени на добро чистење и ги држат понастрана од останатите пациенти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com