HomeДЕНЕШНАСветБоливија ја смета понудата на Бил Гејтс за непристојна!

Боливија ја смета понудата на Бил Гејтс за непристојна!

Владата на Боливија ја одби иницијативата на американскот милијардер Бил Гејтс за донација од 100.000 пилиња на сиромашните лица ширум светот во разни земји, вклучувајќи ја и Боливија. „Сметам дека оваа понуда е непристојна, бидејќи нас поединечни луѓе, посебно оние во американската империја, не сметаат за просјаци. Напредувавме многу и нашиот народ знае да работи“, изјави боливијскиот министер за рурален развој Сесар Кокарико.

Основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, минатата недела ги објави своите планови за донација на пилиња на сиромашните земји во рамките на борбата против екстремната сиромаштија. Тој истакна дека за намалувањето на сиромаштијата пилињата се многу подобри од компјутерите или интернетот бидејќи не се скапи и од нив може да се добие добар приход.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com