HomeДЕНЕШНАРегионБолести се шират меѓу мигрантите, Грција нема вакцини

Болести се шират меѓу мигрантите, Грција нема вакцини

Грчките здравствени власти стравуваат по ширење на маларија меѓу мигрантите во Грција. Главниот секретар во Министерството за здравство Јанис Баскозос изјави на прес конференција дека постои опасност за ширење болести меѓу мигрантите и дека не е исклучено пренесување на болести и врз грчки граѓани.

Според него, можни се инфекции во камповите каде се мигрантите заради високите температури. Министерството за здравство соработува со Европскиот центар за контрола на заразните болести за прегледи и епидемиолошки анализи на бегалците.

Побарано е вакцинација на децата во камповите, но државата нема доволен број потребни вакцини. За таа цел ќе се формира комисија што ќе обезбеди итен увоз на вакцини за околу 20 илјади деца во бегалските кампови. Лекарите предупредуваат на ширење маларија ако навреме не се спроведе прскање против комарци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com