HomeДЕНЕШНАЕкономијаБогов: НБРМ ги следи трансакциите кон странство

Богов: НБРМ ги следи трансакциите кон странство

Протекувањето на „Панама Документите“ отвори голем интерес дали има и македонци со сметки во странство, како и на оф-шор компании од Македонија за сомнителни активности и искористување на даночните бенефити во Панама или други островски држави. Свое образложување даде и гувернерот Димитар Богов, особено за улогата на Народната банка во следење на трансакции и можниот одлив на пари во странство.

mosak fonseca

„Деловните банки се задолжени да ги контролираат трансакциите кон станство и нивна обврска е доколку забележат сомнителна трансакција да ја пријават до Агенцијата за спречување перење пари. Улогата на Централната банка е најмалку еднаш годишно да ги проверува сите трансакции на банките и доколку забележи неправилност да им укаже да ја пријават до Агенцијата“, посочи гувернерот Богов на одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на земјава.

НБРМ нема законски надлежности да истражува какво е потеклото на парите, тоа е задача на други институции, ниту пак има можност да добие доверливи банкарски информации од странски банки, туку само го надгледува видот и легалноста на трансакциите на домашните банки.

„Ни една централна банка во светот не може да обезбеди документи за случаи како „Панама пејпрс“. Таквите документи се обезбедуваат со меѓународни договори и спогодби. Централните банки не можат да побараат и оттаму да добијат податоци. Има закони кои го регулираат тоа прашање и не дозволуваат откривање на лични податоци и банкарски тајни, изјави Богов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com