HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБоб Дилан ќе го издаде својот 37 албум

Боб Дилан ќе го издаде својот 37 албум

Легендарниот американски музичар Боб Дилан, кој на 24 мај ќе наполни 75 години, а во петок ќе го издаде својот 37 студиски албум под име „Fallen Angels“, на кој ќе се најде и негова обработка од познатата песна на Френк Синатра „Young At Heart“ од 1954 година. На новиот албум се наоѓаат и обработки на песните „Skylard“ од Бринг Крозби и Еле Фицџералд, „Polka Dots and Moonbeams“ од Џанг Рајнхарт.

Дилан, чие вистинско име е Роберт Ален Зимерман, е култна личност од 60-тите години на минатиот век. Многу негови песни се преработени од голем број на изведувачи. Често преку своите песни го изразувал својот бунтовнички дух и револтот кон политичките и друштвените догми на своето време.

Негови најпознати песни се „The Times They are changing“, „Blowing in the Wind“, „Like a Rolling Stone“ и „All Along the Watchtower“. Дилан свири армоника, усна гитара и клавир.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com