HomeАНТИСТРЕСШтосноБлогерка од Холандија пишува за најчудните навики на Македонците

Блогерка од Холандија пишува за најчудните навики на Македонците

Девојка од Холандија која веќе година и пол живее во Македонија има своја блог страна на која ги споделува своите впечатоци од престојот во нашата земја. Во еден текст таа ги набројува 15-те најчудни работи кои ги прават Македонците, а на е веќе навикната. 

1. Македонците користат ракија буквално за се. Те каснал комарец? Намачкај се со ракија. Се насобрала нечистотија на прозорците од автомобилот? Слободно можеш да ги избришеш со ракија.

2. Македонците секогаш ќе те прашуваат за работите што ги носиш колку пари чинат. Без разлика дали се работи за нов часовник или нов автомобил, очигледно е дека ова прашање овде е мнооогу важно.

3. Се се врти околу храната. Главно прашање на денот – Што имаме за ручек/вечера? Исто така, обожаваат дури и само кога разговараат за храна.

4. За некое чудо, тука е нормално да имаш тепих или килимче на секое место, па дури и во кујна и тоа во различни големини и облици.

5. Сите имаат прекар што воопшто не звучи како вистинското име. А, ете, Македонците и не се баш креативни со имињата. Најчесто се сретнуваат  Александар и Ана, па во ваквиот случај мора да се има соодветен прекар за случајно да не го повикаш „погрешниот“ Александар.

6. Секогаш се жалат дека немаат пари – а сите кафулиња се полни.

7. Промајата, според постарите луѓе, дефинитивно ќе ве разболи и е многу лошо за здравјето, затоа внимавајте – затворете ги прозорците и вратите.

8. Не те разбираат кога им кажуваш дека добро си се најадел. Посебно бабите, тие секогаш ќе те нудат со храна и не го прифаќаат „не“ за одговор.

9. Се менуваат целосно кога се во своите автомобили. Генерално, Македонците се многу фини луѓе, но возат многу лудо И искрено, повеќе не ни реагирам на ова.

10. Тротоарите се наменети повеќе за паркирање отколку за пешачење. И никогаш не вози во најдесната лента, таа е наменета за автобуси и автомобили кои застанале на кратко. А можеш и да започнеш да возиш наназад на сред булевар, бидејќи и ова е нормално во Македонија.

11. Никогаш не ја сервирај прва тортата на роденденска забава. Тука тортата се сервира на крајот од забавата, пред гостите да заминат дома. Во Холандија се прави спротивно.

12. Кога Македонците те покануваат дома, секогаш понеси нешто благо или солени грицки за домаќинот, дури и само кога одиш кај твојот најблизок другар на посета. Тоа е некое непишано правило како благодарност за гостопримството.

13.  Бурек и јогурт – совршен појадок за Македонците.

14. Не бидете изненадени доколку слушнете дека постарите луѓе го разбираат шпанскиот јазик и тоа е последица на ТВ сапуниците кои се емитувале на времето. Денес, сите се опседнати со турските серии кои се многу лошо синхронизирани.

15. Околу 40% од населението ги троши своите пари во спортските кладилници. И сигурно има околу 800 такви.. што е многу лудо за популација од 2 милиони жители.

Ако сакате да го посетите блогот, кликнете на living-abroad.net

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com