HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБлагодарение на Погба, Србинот сега чини 40 милиони евра!

Благодарение на Погба, Србинот сега чини 40 милиони евра!

Трансфер пазарот потполно полуде, а вистинските возбудувања допрва не очекуваат. Ќе го добиеме ли најскапиот Србин во историјат на фудбалот? Додека во јавноста кружат контрадикторни изјави околу преминувањето на Пол Погба во Јунајтед, никој сепак не се сомнева дека Французинот е на чекор од враќање на „Олд Трафорд“. Јувентус веќе започна да бара замена, а Максимилијано Алегри не ја криеше својата желба, во прашање е Немања Матиќ.

Ова не е новост, имено се знае дека Јуве е заинтересиран за него, а се претпоставува дека местото на Србинот во Челси виси после доаѓањето на Канте од Лестер. Сепак, наводно сега Челси бара дури 40 милиони евра за Србинот сметајќи дека Јувентус сега ќе има многу пари после продавањето на Пол Погба.

Сепак, Италијаните нема да ја исплатат таа сума, но се зборува дека би можеле да понудат пари и Асамоа кој е желба на Конте со цел д се оствари овој трансфер. Во секој случај, иако се споменуваше 20 милиони евра, таа сума сигурно ќе биде значително поголема. Ако „Бјанконерите“ тоа го платат Матиќ ќе стане најскапиот Србин во историјата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com