HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе и Мекартни оддадоа почит на жртвите во Орландо

Бијонсе и Мекартни оддадоа почит на жртвите во Орландо

Големата поп ѕвезда Бијонсе и британската легенда и член на поранешните „Битлси“, Пол Мекартни, им одадоа почит на жртвите во Орландо на синоќешните концерти во Детроит, односно Берлин. Пејачката синоќа го затвори северноамериканскиот дел од турнејата „Формејшн“ во Мичиген со хитот „Hallo“, кој го посвети на жртвите кои беа убиени во геј клубот „Пулс“ во Орландо.

„Членот на некогашните „Битлси“ се врати на сцената заедно со својот бенд во Берлин, во Гермнија, за исто така да оддаде почит н жртвите во Орландо. Членовите на бендот знаедно со Мекартни го држаа високо знамето на хомосексуалците, покривајќи ги лицата, а потоа Пол на германски јазик и се обрати на публиката: „Заедно сме во ова со Орландо“.

Мекартни

Многу ѕвезди преку социјалните мрежи се огласија да оддадат почит на овие жртви, вклучувајќи ја и Мадона, која сподели фотографии од сите 49 жртви на „Инстаграм“ и напиша: Нема да биде заборавени, љубов е љубов. Молете се за Орландо, молете се за хуманост“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com