HomeДЕНЕШНАРепубликаБитолчанка го преплива Охридското езеро

Битолчанка го преплива Охридското езеро

29 годишната професорка по латински јазик од Битола, Софија Бејковска Чачоровска, вчера сама рекреативно го преплива Охридското Езеро. По цели десет часа пливање, таа вечерва пристигна на целта во Охрид, каде ја пречекаа нејзиниот сопруг, таткото и тренерот. На овој подвиг Софија се решила за да го сврти вниманието на јавноста во Битола кон потребата од изградба на затворен пливачки базен.
bitolcanka ohridsko
„Збунета сум сега. Болката во мускулите е голема, но радоста е уште поголема. Желба ми беше уште како дете да го препливам Охридското Езеро, чисто за да кажам дека во Битола ни треба затворен базен за да можеме некогаш да оствариме добри резултати“, изјави Бејковска Чачоровска.
bitolcanka ohridsko 1
Маратонот таа го започна рано утрото, а на целта пристигна по испливани 30 километри. Во текот на пливањето, Софија имала кризи, а најголемата се случила на десеттина километри до целта. Таа за подвигот се подготвувала два и пол месеци, а во тоа најмногу и помогнал нејзиниот тренер Кире Марков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com