HomeГИГА БАЈТСмартфонБитолски ученик меѓу „хакерите“ на XDA форумот на Android

Битолски ученик меѓу „хакерите“ на XDA форумот на Android

Александар Давитаров е деветто одделение во битолското училиште Св Климент Охридски, а сепак, младоста не е пречка за освојување на Android заедницата. Давитаров за telefoni.mk ги пренесе своите планови за во иднина и како се справува како млад „хакер“ на XDA форумот.

xda

„Планирам да изработам нов систем базиран на новата Андроид Верзија 6.0 (Marshallow) кој ќе биде достапен на корисниците за околу месец дена исто така досега имам изработено/портирано повеќе ромови и тоа: FlymeOs, LewaOs, CM 12.1, AICP и секако мојот нов ром SPB 1.0 (Speed Perfomance Battery). Моите решенија се превземени околу 10.000 пати и сум задоволен од почетниот успех“ изјави Давитаров за telefoni.mk.

Александар Давитаров веќе може да се пофали со неколку квалитетни Custom верзии на Android за смартфони како Alcatel.

aleksandar2

„Предизвикот ми е корисниците на тој Ром да добијат повеќе перформанси, а со тоа да не го загубат траењето на батеријата исто така и ромот да користи понова Android верзија. Досега се снаоѓам супер, ако ми треба помош се консултирам со други девелопери од форумот XDA-Developers“, вели Давитаров.

Custom ROM претставува подобрување на софтверот и системските функции со што треба да се оптимизираат перформансите за крајниот корисник.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com