HomeДЕНЕШНАПолитикаБитолските административци протестираат за поддршка на Талески

Битолските административци протестираат за поддршка на Талески

Во 14 часот денеска, во работно време, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, меѓу нив вработени и директори во јавните институции, излегоа на протест пред битолскиот Апелациониот суд и го блокираа сообраќајот на Булеварот пред судската зграда за да му дадат поддршка на градоначалникот Владимир Талески.

Протестот го одржаа во исто време кога беше најавено дека Апелациониот суд во Скопје ќе одлучува по жалбата на Талески за укнување на куќниот притвор во случајот „Транспортер“.

Протестантите велат дека излегле масовно да му дадат поддршка на Талески, затоа што се водела хајка од СДСМ против ВМРО. Според нивните изјави, ќе се докажело дека Талески е чист и тој што има вина ќе одговара, а ако треба некој да одговара тоа бил Заев, бидејќи кај него била докажана вина.

Извор и фото: СДК.МК

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com