HomeДЕНЕШНАПолитикаБИРН: Срѓан Керим од февруари е советник на премиерот

БИРН: Срѓан Керим од февруари е советник на премиерот

Срѓан Керим повеќе од половина година работи како советник на премиерот Емил Димитриев, дознава БИРН, а информацијата ја потврди владината прес-служба.

„Господин Срѓан Керим на 16 февруари оваа година е назначен за советник за надворешна политика на претседателот на Владата и неговиот мандат е актуелен и во моментов“, потврди за БИРН владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Токму во февруари Керим ја напуши менаџерската позиција во весниците на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), бидејќи ги исполнил условите за пензија, меѓутоа не беше соопштено дека неколку недели подоцна Димитриев ќе го ангажира за свој советник.

Портпаролот Ѓеорѓиев не одговори дали назначување на Керим е во функција на неговата актуелна кандидатура за генерален секретар на Организацијата на обединетите нации (ООН) или е независна од тој процес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com