HomeДЕНЕШНАРегионБинали Јилдирим „таксан“ за премиер на Турција

Бинали Јилдирим „таксан“ за премиер на Турција

Централниот управен совет на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска донесе одлука да го предложи актуелниот министер за транспорт, Бинали Јилдирим за единствен кандидат за нов партиски лидер, кој потоа ќе ја преземе и должноста премиер на Турција, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Се очекува Јилдирим, кој важи за близок човек на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, официјално да биде избран за нов лидер на АКП на партискиот Конгрес закажан за в недела.

По Конгресот на АКП, се очекува веќе в понеделник Ердоган на Јилдирим да му го довери мандатот за формирање нова Влада, во која според некои турски медиуми, моќниот ресор за економија би можел да го преземе актуелниот министер за енергетика и зет на шефот на државата, Берат Албајрак.

Јилдирим на должноста лидер во АКП и на местото премиер треба да го наследи Ахмет Давутоглу, кој на почетокот на овој месец поднесе оставка на двете функции, поради несогласувања со претседателот Ердоган.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com