HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБилиќ го доведе најскапото засилување во историјата на Вест Хем!

Билиќ го доведе најскапото засилување во историјата на Вест Хем!

Напаѓачот на Свонси е нов член на „чеканите“. Како што тврдат добро информираните англиските медиуми, Андре Ају постигнал договор со Вест Хем и во текот на викендот и официјално ќе биде претставен како ново засилување на тимот на Славен Билиќ. Вест Хем за неговиот трансфер ќе плати 23 милиони евра, што ќе биде најскапо платениот играч во историјата на овој клуб, а претходниот рекорд го држеше трансферот на Енди Керол вреден 17.5 милиони евра.

Andre Aju

Славен Билиќ после трансферот на Андре Ају ќе има „пеколен“ напаѓачки тандем во своите редови, бидејќи тука се и Паје, Сако и Керол, а ова лето на клубот му се приклучија и Фегули и Гокхан Торе. Инаку, Ају минатато лето пристигна во Свонси како слободен фудбалер од Олимпик Марсеј, па може да се каже дека ова е одличен трансфер за велшкиот клуб.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com