HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБилд: Мурињо потпиша за Јунајтед

Билд: Мурињо потпиша за Јунајтед

Според пишувањата на германскиот весник „Билд“, Португалецот Жозе Мурињо потпишал тригодишен договор со Манчестер Јунајтед. Германскиот магазин, своевремено имаше ексклузиви околу доаѓањето на Пеп Гвардиола и Роберт Левандовски во Баерн Минхен. Овој текст носи наслов „Мурињо нов тренер на Швајнштајгер“, во однос на тоа дека капитенот на светските шампиони го носи дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

Исто така, се шпекулира дека прва трансфер мета во овој трансфер период на Мурињо ќе биде Златан Ибрахимовиќ и дека постојат големи шанси Швеѓанецот да го облече црвениот дрес. Од друга страна пак, медиумите во Англија пишуваат дека Португалецот на „Театарот на соништата“ ќе го донесе Гонзало Игуаин, за 70 милиони фунти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com