HomeДЕНЕШНАРепубликаБидете дел од незаборавно искуство- „ MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS“

Бидете дел од незаборавно искуство- „ MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS“

 

По петти пат оваа година ќе се одржи фестивалот „MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS“  кој е наменет за сите оние кои сакаат да си ја испитаат физичката спремност на отворено. Настанаот вклучува дружба на отворено со диџеи, гледање на филмови со аутдор соджина и пет спорта: велосипедизам, планинско трчање, планинарење, аеробик и болдеринг.

Настанот ќе се одржи од 27-ми  до 29-ти мај или последниот викенд од месец мај. Стартот на велосипедските тури е предвиден за во 10 часот на регионалниот пат за Витолиште. Планинското трчање и планинарењето ќе започнат во 9 часот од кампот. И оваа година организаторот добива огромна поддршка од Општина Прилеп.

Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.  Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com