HomeДЕНЕШНАРепубликаБигорскиот манастир го слави големиот празник „Св.Јован Крстител“

Бигорскиот манастир го слави големиот празник „Св.Јован Крстител“

Еден од најубавите и највредните манастири во Македонија го слави својот патронен светец Свети Јован Крстител, поточно денот на отсекување на неговата глава. еден од клучните моменти во историјата на христијанството.

По тој повод во Бигорскиот манастир ќе се одржи свештена Бигорска обител вечер со почеток во 18 часот и 30 минути и ќе се отслужи свечена архиерејска вечерна богослужба, на која ќе биде извршено и монашење на четворица браќа.

Утре, на денот на патронот, во 7,30 часот ќе започне утринската богослужба, а со Светата архиерејска Златоустова Литургија, која почнува во девет часот ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Повардарски, Неговото Високопреосвештенство, г. Агатангел.

Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.

Извор: republika.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com