HomeРЕФЛЕКТОРФилмБибер, Роналдо и Иствуд во холивудски фудбалски блокбастер?

Бибер, Роналдо и Иствуд во холивудски фудбалски блокбастер?

Актерско искуство до сега нема, но како голем обожавател на фудбалот, Џастин Бибер е најсериозен кандидат за улогата на млад фудбалер во предстоечкиот холивудски блокбастер за Реал Мадрид. Канадаскиот пејач е во финални преговори околу појавувањето покрај Кристијано Роналдо и бројни други фудбалски ѕвезди во новиот филм, чиј буџет наводно ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра.

Бибер би требало да ја толкува улогата на млад играч од Лос Анџелес, кој преку ноќ станува вистинска фудбалска сензација и преминува во редовите на Реал Мадрид. Филмот би требало да биде продолжение на трилогијата „Голови“. Покрај Кристијано Роналдо, најверојатно во овој филм ќе го гледаме и Дејвид Бекам.

Она што е посебно интересно е дека улогата на дедо на Џастин Бибер во филмот му е понудена на легендарниот Клинт Иствуд и дека моментално се водат преговори околу тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com