HomeДЕНЕШНАПолитикаБејли оптимист: Очекуваме договор од понеделник

Бејли оптимист: Очекуваме договор од понеделник

Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите кои во резиденцијата на Европската Унија во Пржино започнаа претпладнево во 11 часот.

По завршувањето на преговорите помеѓу партиите, американскиот амбасадор, Џес Бејли изјави дека денеска имало извесен напредок и дека преговорите ќе продолжат од понеделник. Сепак, конечен договор засега нема.

Во средата партиите се договорија за прашањата поврзани со избирачкиот список, преодната влада и медиумите, а единствено не постигнаа договор за ингеренциите кои треба да ги има министерот за внатрешни работи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com