HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБејли: Најскапиот дефанзивец во историјата на Манчестер Јунајтед

Бејли: Најскапиот дефанзивец во историјата на Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го сруши рекордот на клубот веднаш после своето прво засилување кое вчера и официјално беше претставено. Дефанзивецот на Виљареал Ерик Бејли стана нов играч на Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 38.000 евра, сума со која за помалку од еден милион е срушен рекордот кој го држеше Рио Фердинанд кога пристигна од Лидс Јунајтед.

Ерик Бејли

„Тој е млад дефанзивец кој поседува голем потенцијал, но и огромна доза на природен талент. Мислам дека може да стане еден од најдобрите одрамбени фудбалери во светот“, изјави Жозе Мурињо на претставувањето на своето ново засилување. Бејли има 22 години, минатата сезона забележа 35 настапи во Примера и постигна еден погодок, а покрај Јунајтед за него интерес покажаа и Манчестер Сити, ПСЖ и Барселона.

Бејли пред само една година за сума од 7.5 милиони евра пристигна од Еспаљол во Виљареал, една недела подоцна откако со националниот тим го освои Купот на афричките нации. Младиот дефанзивец беше еден од клучните фудбалери на „Жолтата подморница“ во борбата за пласман во квалификациите од Лигата на шампионите, а пред се може да се пофали со неговата импресивна физичка сила, како и одличната скок игра и издржливоста во дуелите.

Ерик Бејли

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com