HomeРЕФЛЕКТОРТеатарБесплатен влез за последниот ден на МНТ-ФЕСТ, еве што ќе погледнете

Бесплатен влез за последниот ден на МНТ-ФЕСТ, еве што ќе погледнете

На последниот ден од МНТ-ФЕСТ публиката во 19 часот ќе може да ја погледне извонредната претстава „Во темната кружиме ноќ и нè голтаат јазици пламни“, на театарот Алдес од Лука. Неговиот оригинален наслов In girum imus nocte (et consumimir igni) претставува загадочен латински палиндром, кој и Ги Дебор го избра за наслов на својот прочуен филм од 1978 година. Кореографијата е на Роберто Кастело. Црно-белото и хипнотичката музика се местото во кое се редат микроприказните на оваа перипатетичка ноќна претстава која е меѓу филмот, танцот и театарот.

Осветлена со студена светлина од видеопроектор што ги одмерува просторите, времињата и структурите, црнината на костимите ги прави ликовите проѕирни и ги трансформира во безвременско минато во кое живее изгубено човештво што граби напред и се прпелка со пргави, емотивни и хаотични движења, и покрај истоштеноста и на работ на трансот. Настапуваат Маријано Ниеду, Стефано Квестори, Џизелда Раниери, Ирене Русолило.

За танцовиот театар на билетарницата на МНТ од 16 часот секој гледач ќе може да подигне по два гратис билета. Бројот на билетите е ограничен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com