HomeДЕНЕШНАПолитикаБерт Кундерс: Сеуште не се исполнети условите за избори !

Берт Кундерс: Сеуште не се исполнети условите за избори !

Претседавачот со Советот на ЕУ, а воедно и министер за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до лидерите на четирите најголеми политички партии во државата, потписнички на Пржинскиот договор. Во писмото ја изразува својата загриженост за настанатата политичка криза и бара нивно заложување за што поскоро решавање на истата. Нагласува дека ја поддржува изјавата на комесарот Хан дека пропаѓањето на Пржинскиот договор ќе донесе сериозни последици вклучувајќи го и интегративниот процес во ЕУ. Сепак Кундерс истакнува дека сеуште не се исполнети условите за избори, а тоа се, прочистување на избирачкиот список, одделување на партијата од државата, медиумските реформи и заплашување на гласачите.

– Слободни, фер и инклузивни избори се клучни за Договорот од Пржино и непроценливи за демократската иднина на вашата земја. Второ, одлуката на Претседателот да ги аболицира обвинетите или оние кои се под истрага, а поврзано со индициите од прислушувањето, особено оние политичари кои во моментов се под истрага на СЈО, мора да биде повлечена. Клучно за Договорот од Пржино и за решавање на политичката криза е да му се дозволи на СЈО непречено да ја заврши својата работа – истакнува Кундерс во писмото, испратено до политичките лидери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com