HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБерлускони веќе не е газда, „Авиончето“ нов тренер на Милан

Берлускони веќе не е газда, „Авиончето“ нов тренер на Милан

Владеењето на Силвио Берлускони во Милан завршува откако милионерот и екс политичар конечно реши да го продаде тимот на инвеститор од Кина кој би донел многу повеќе вложувања и финансиска рамка со која „росонерите“ повторно би владееле со Европа.

Нов сопственик на Милан е кинеска компанија, а вкупната вредност на зделката изнесува 750 милиони евра од кои 240 милиони ќе отидат за покривање на долговорите на „росонерите“, а останатиот дел од сумата ги задржува Берлускони.

Ова не значи крај за Берлускони во Милан, според договорот, во следните три години тој ќе остане почесен претседател на клубот, а потоа кинезите ќе ги откупат и преостанатите 20% . Силвио Берлускони е сопственик на Милан од 1986 година.

montela milan

Екс фудбалерот на Рома Винченцо Монтела е назначен за нов тренер на Милан и треба да наследи серија на неуспешни тренери, а големи легенди како Инзаги, Михајловиќ и Сидорф.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com