HomeДЕНЕШНАСветБерлин предупредува на опасност од домашни терористички структури

Берлин предупредува на опасност од домашни терористички структури

Германија регистрирала огромно зголемување на насилства предизвикани од екстремно десничарски групи во 2015 година, кога во земјата пристигнаа околу 1,1 милион бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според извештај, подготвен од германските разузнавачки служби, Владата мора да преземе конкретни чекори за превенција од т.н. екстремно десничарски терористички структури.

Во извештајот објавен денеска се вели дека бројот на инциденти предизвикани од овие десничарски групи од 990 во 2014 се зголемил на 1,408 во 2015 година, што е раст од околу 42 отсто.

Меѓу инцидентите се наведени напади врз бегалци, новинари, политичари, како и обиди за убиства. За разлика од пет обиди за опожарување на бегалски сместувалишта во 2014 година, лани дури 75 пати десничарски активисти се обиделе да подметнатб пожари во центри за бегалци.

Според евиденцијата на германските служби, во Германија има 11.800 насилни екстремно десничарски екстремисти.

– Сегашните истраги против осомничените за формирање на терористички групи укажува на потребата од итни ригорозни чекори кои треба да ги преземе Владата за да се стават под контрола овие групи, се вели во изјавата на германското Министерство за внатреши работи во врска со извештајот.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер смета дека земјата се соочува со пораст и на екстремно десничарски и на екстремно левичарки радикални групи, кои користат насилство. Според извештајот, насилството против бегалците генерално не е систематски оркестрирано, иако во некои инциденти се забележуваат внимателно планирани активности на радикални групи и поединци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com