HomeРЕФЛЕКТОРФилмБен Афлек ќе го режира новиот филм за Бетмен

Бен Афлек ќе го режира новиот филм за Бетмен

Американскиот актер и режисер Бен Афлек ќе биде режисер и ќе ја толкува главната улога во новиот филм за Бетмен, најави извршниот директор на компанијата „Ворнер Брос“ Кевин Цуџихара. Наградуваниот актер, режисер и сценарист Бен Афлек ја толкуваше улогата на Бетмен во овогодинешниот хит во светските кино сали „Batman v Superman: Dawn of Justice“. Извршниот директор на компанијата „Ворнер Брос“ Кевин Цуџихара, официјално потврди дека Афлек ќе го режира новиот филм за суперхеројот од стрипот на издавачката куќа „Ди-си комикс“.

Филмот за Бетмен е дел од плановите на „Ворнер“ да го прошири својот репертоар базиран на ликови од стрипови на таа издавачка куќа, слично на соработката која ја имаше „Дизни“ и издавачот на стрипови „Марвел“. Филмското срудио „Ворнер брос“ веќе работи на најмалку 10 такви остварувања, вклучувајќи ги и „Wonder Woman“ и „Justice League“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com