HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБенитез: Нема да ја превземам Шпанија, останувам овде

Бенитез: Нема да ја превземам Шпанија, останувам овде

Getty Images

Менаџерот на Њукасл Рафаел Бенитез ги отфрли шпекулациите дека на лето  ќе ја превземе репрезентацијата на Шпанија, бидејќи сака да остане  да го води англискиот клуб. Селекторот на Шпанија Висенте дел Боске ќе си замине од репрезентацијата после завршувањето на Европското првенство во Франција, а шпанските медиуми шпекулираат дека Бенитез ќе биде негова замена. Меѓутоа, поранешниот менаџер на Ливерпул и Челси изјави дека е концентриран на својата работа во Њукасл и борбата за опстанок со која се соочува овој клуб. Неговиот договор со „црно-белите“ ќе биде раскинат доколку клубот испадне од Премиер лигата.

„Јас сум тренер на Њукасл и сакам да бидам и овде следната сезона. Задоволен сум во овој клуб. Секогаш е позитивно кога луѓето зборуваат за вас. Селекцијата на Шпанија е една од најдобрите екипи во светот, но сега сум концентриран на клубот и сакам да останам во Њукасл некое време“, вели Рафа Бенитез. Бенитез исто така додаде дека Дел Боске е негов пријател и дека добро соработувале. „Бев негов помошник кога го водеше Реал Мадрид, тој знае како работам. Но сакам да останам во Њукасл некое време. Убеден сум дека ќе останаме во Премиер лигата, па не размислувам за други опции“, додаде Рафа Бенитез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com