HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБендот „Years & Years“ има нов спот!

Бендот „Years & Years“ има нов спот!

„Years & Years“ ги почастија своите обожаватели со нов спот за песната „Worship“. Се работи за осмиот и последен сингл од нивниот дебитански албум „Communion“. Во новиот спот бендот соработуваше со двајца познати уметници Мет Ламберт и Рајан Хефингтон.

„Беше вистинска привилегија да се соработува со овие двајца уметници и да се почувствува нивната супер креативна енергија. Многу сум горд поради оваа соработка“, изјави Оли Александер, член на бендот „Years & Years“. „Кога добивме прилика да го снимиме спотот, си поставив многу прашања. Како би требало да изгледа? Како би можеле да го прикажеме значењето на песната во тој спот? Постои ли некоја порака која сакаме да ја испратиме?“, додаде Александер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com