HomeДЕНЕШНАРегионБелграѓани го блокираа градот, протест против „Белград на вода“

Белграѓани го блокираа градот, протест против „Белград на вода“

На вчерашните трети протести по ред во Белград на повик на иницијативата под назив „Не да(ви)мо Београд“ пристигнале неколку илјади граѓани. По говорите што започнаа во 18 часот, народот тргна на протестна прошетка низ главните улици на градот.

Граѓаните носат свирчиња и транспаренти со натписи „Мали батали“, „Вучиќ Вејдер“ и „Стоп на беззаконието“, а извикуваат „Чиј град – Наш град“… Говорниците побараа оставка од сите кои се одговорни за рушење на населбата Савамала за потребите на иградба на проектот „Белград на вода“. Блокиран беше делот од Булеварот крал Александар, а автобуските линии беа пренасочени. Дождот што почна да паѓа околу 18 часот не ги поколеба граѓаните кои подготвени ги извадија чадорите.

„Минатата година во март, на првиот протест на иницијативата и академијата, ве имаше 20 тука. Тогаш грееше сонце, сега врне дожд. Ве има 20.000, кој не верува, нека брои“ – рече архитектот Драгољуб Бакиќ пред Академијата за архитектура на Србија.

Српската напредна партија која е на власт соопшти дека денеска, најновата серија на иницијативата протести „Не да(ви)мо Београд“ поради уривање во Савамала во утринските часови на 24 април, е циркус чии организатори, како што наведуваат од СНС, се „познати измамници“.

Ова е трет протест против уривање на Херцеговачка улица. Протестите ги организира иницијативата „Да не го (да)виме Белград“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com