HomeДЕНЕШНАРегионБелград: Парадата на гордоста без инциденти

Белград: Парадата на гордоста без инциденти

Денес во Белград се одржа Парадата на гордоста, која мина без никакви инциденти. Неколку стотици учесници на Парадата, која оваа година се одржа под мотото „Љубовта го менува светот“, носеа знамиња во боите на виножитото, балони и транспаренти со апели за мир, љубов и толеранција.

Старот на парадата го означи глумицата Мирјана Карановиќ, која повеќе години се залага за почитување и унапредувањето на човековите права во Србија, за промоцијата на демократските вредности и толеранцијата и за прифаќањето на различностите.

Овој собир треба да биде се поголем и поголем. Белград е исто така и наш град, изјави на собирот активистот за заштита на правата на хомосекусалците Бобан Стојановиќ. Белградската полиција соопшти дека нема сознанија за инциденти, а Стојановиќ информира дека собирот минал со помаку тензии во споредба со претходните години.

Имавме закани и оваа година, но тие беа помалубројни од порано, додаде Стојановиќ. Српските медиуми јавуваат дека на Парадата учествувал и косовскиот Албанец Лиридон Видиу, кој специјално допатувал од Косово во Белград за да изрази поддршка на собирот. Видиу изјави дека се надева оти во иднина на парадите на гордоста нема да има толку многу полициајци и дека „граѓаните ќе можат слободно да се придружат на маршот“.

Извор: a1on.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com