HomeДЕНЕШНАСветБелгија ќе ја бомбардира Сирија

Белгија ќе ја бомбардира Сирија

Белгиската Влада денеска донесе одлука за учество во меѓународната коалиција врз член 51 од Повелбата на Обединети нации за „легитимна заедничка заштита“.

Белгиските авиони-ловци ќе полетуваат од базата во Јордан и ќе влегуваат во сирискиот воздушен простор од исток-североисток, за да бидат избегнати инциденти со сириските и руските воени авиони.

Белгиските воени авиони се приклучуваат кон меѓународната коалиција на покана на САД, а не на сириските власти.

Со истата владина одлука се проширува и територијалното присуство на белгиските војници во Ирак, кои ги обучуваат локалните безбедносни сили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com