HomeДЕНЕШНАСветБелгија: Човекот кој регрутирал најмногу џихадисти осуден на 15 години затвор

Белгија: Човекот кој регрутирал најмногу џихадисти осуден на 15 години затвор

Белгискиот апелационен суд го осуди на 15 години затвор најголемиот регрутер на џихадисти во таа земја, Калид Зеркани. Тој е прогласен за виновен за регрутирање на клучни сторители на терористичките напади во Париз и Брисел. „Зеркани е најголемиот регрутер на џихадисти кој Белгија некогаш го запознала“, изјави белгискиот тужител Бернар Мишел на судот.

Денес судот му ја зголеми првобитната казна на Зеркани која изнесуваше 12 години затвор, која му беше донесена со пресудата во јули 2015 година, пред припадниците на така наречената исламска држава да ги изведат нападите во Париз во ноември минатата година и во Брисел минатиот месец, во кои вкупно животот го загубија 162 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com